Не е непознато дека славните заработуваат добро преку рекламирање на производи на разни компании на своите профили на Инстаграм, а за една објава многумина добиваат неколку илјади евра.

Имено, според податоците од Интернет, Луна Џогани, која наскоро ќе стане мајка, заработува и до 1500 евра за една објава на Инстаграм. Ова се должи на нејзините следбеници, кои во моментов бројат околу 535,000.

Познати личности кои имаат близу милион следбеници, како што е модната блогерка Зорана Јовановиќ, наводно можат да земат над 3.000 евра.

Во светот, овие бројки се многу поголеми, имајќи го предвид поголемиот број следбеници што ги имаат славните таму.