Пред повеќе од една година, животот на албанската пејачка со македонска адреса, Аделина Тахири, се промени од корен.

Се омажи и стана сопруга, а пред девет месеци се реализираше и во најубавта улога за една жена – стана мајка на синчето Јон.

Во 2017 година нешто пред венчавката, Аделина се пресели во една елитна скопска населба надвор од градот, а тогаш на своите следбеници на социјалните мрежи им го покажа празниот стан.

 

 

Сега, атрактивната пејачка редовно објавува фото-моменти од својот луксузно уреден дом, како во внатрешноста каде преовладува белата нијанса со златни детали, големиот гардеробер, а исто така и погледот и амбиентот кон надвор со езерцето и лебедите кои се празник за очи.

За потсетување, Аделина во 2017 се омажи со адвокатот Серјожа Марков, а минатата година станаа родители на машко дете.

Во продолжение ѕирнете во нејзиниот приватен рај:

Извор: vistna.com.mk