Лукот е еден од најздравите намирници чие лековито својство прават невероватни благодети за здравјето.

Содржи околу 400 активни состојки, а содржи витамини и минерали…

Но и покрај своите лековити својства оваа група луѓе не би смееле да го конзумираат:

Пациенти пред операција

Доколку треба да одите операција се препорачува да се не конзумира лук најмалку две недели, бидејќи крварењето може да ви продолжи.

Луѓето кои имаат проблем со јетрата

Иако лукот има антибактериско и антивирусно својство и може да убива бактерии и вируси, не треба да се користи во спречување на вирус хепатитис. Имено, некои соединувања на лукот можат да предизвикаат стимулација во желудникот и цревата, кое може да инхибира секреција на дигистивениот сок во дигистивниот тракт. На тој начин влијае на варењето на храната и ги влошува симптоми на хепатитис, како што се мачнини. Некои од неговите компоненти ги намлуваат црвените крвни зрнца и хемаглобинот, што значи претерано конзумирање на лук може да доведе до анемија

Лица со низок притисок

Лукот го спушта крвниот притисок, и ако патете од низок крвен притисок , со негово конзумирање можете повеќе да си наштетете отколку што ќе ви користи.

Лица кои боледуваат од очни болести

Пациенти кои боледуваат од очни болести, посебно оние кои се со лошо здравје исто така треба да го одбегнуваат лук.

Традиционална кинеска медицина редовно промовира дека конзумирање на лукот во големи количини во подолг временски период може да ги оштети очите и јетрата, а исто така може да предизвика губење на паметење, зуење во уши и други здравствени проблеми.