Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, го предложи Лука Кржаловски за претседател на Унијата на млади сили на партијата. Кржаловски е досегашен претседател на Градскиот комитет Скопје на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИK на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

По состанокот, се огласи досегашниот претседател на Унијата на млади сили, Владимир Нелоски, кој преку својот профил на „Фејсбук“ му порача на Кржаловски да продолжи онаму каде што тој застанал.

Опозицијата соопшти дека за време на состанокот на ИК, било разговарано и за актуелни општествени, политички и економски теми. Општиот став изнесен на состанокот бил дека во Македонија постои отсуство на демократски капацитет на власта, што особено било видливо во текот на изгласувањето на Законот за јазиците.

извор: Makfax