x

Лука и Дашмир, децата кои се “лансираа“ оваа есен!

luka-i-elezi

Во мак – фудбалот отсекогаш имало големи, мега – таленти, но ретко како оваа есен се “лансираа“ неколкумина. И тоа како многу млади, дел од нив дури и со 16 години и некој ден, како на пример супер – талентот на Шкендија, Дашмир Елези. Или пак како “бисерот“ на Равботнички, Лука Станковски, кој оваа есен беше убедливо најдобриот во тимот на “романтичарите“ и тоа со 18 години.

И двајцата сега се цел на менаџери, големи европски клубови се интересираат за Лука и Дашмир, двајцата македонски фудбалски бисери.

Елези на 16 години и еден ден го имаше своето деби за Шкендија во ПМФЛ, и веднаш беше стрелец. Одига шест меча и постигна три гола. Лука пак со 7 голови е еден од најдобрите стрелци во ПМФЛ, на четртатат позиција, но затоа е првиот “бомбардер“ на клубот од Градски парк.

Рековме веќе, и двајцата се нашата голема, голема фудбалска надеж.

ИМА И ДРУГИ “БИСЕРИ“ ВО МАК- ФУДБАЛОТ

Сепак, оваа есен своја промоција имаат и останати наши фудбалски таленти. Кога сме кај Работнички тука е креативецот Димитар Тодоровски, кој е “мозокот“ на тимот иако има само 18 години.

Пелистер отсекогаш важел за средина која знае да изнедри големи фудбалски имиња. Михаил Талевски со само 16 години оваа есен во целост го сврте вниманието и од него битолскиот клуб има што да очекува во блиска иднина.

Вардар оваа есен со помош на младите имаше успешна есен, да имаше малку повеќе среќа, ќе беше уште подобро. Од плејадата млади играчи, или од плејадата “дечурлии“, тука се дефанзивците Виктор Крстески и Мартин Величковиќ – Радуловиќ, кои имаат по 18 години. Арби Воша од Македонија ЃП е постар од нив само неколку месеци, но и тој оваа есен беше во центарот на вниманието кога станува збор за “лавовите“. Да не заборавиме на Филип Костовски од Силекс, кој има само 18 годин. Добиваше шанса, но истата и ја искористи.

Академија Пандев себе си се наметна како клуб од кој секоја полусезона излегуваат, нешто како на “фабричка лента“, млади и мега талентирани момци. Оваа есен своја промоција во ПМФЛ имаа Марко Алчевски (18), Мартин Талаков (17) и Иван Николов (18). Сите тие имаа пристојна минутажа, кои во целост ја оправдаа.

Да не беше несреќната повреда на лигаментите, во ова друштво оваа есен ќе беше и големиот талент на Ренова, Албан Таипи. Има само 17 години а висок е 190 см и повеќе. Голем потенцијал, страшни предиспозиции. Лани дебитираше со Вардар на само 16 години.

Значи и Ренова има свое фудбалско чудо.

Радува податокот дека голем дел од овие супер талентирани момци во своите клубови не играат само поради правилото со младинец, туку пред се поради својот квалитет.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата