x

Лука Зидан прифатил да игра за Алжир

Лука Зидан, еден од синовите на славниот Зинедин Зидан прифатил да игра за репрезентацијата на Алжир, пишува алжирскиот дневен весник „Екорук“. Лука моментално е голман на Сантандер, а според весникот Лука дал позитивен сигнал за настап за репрезентацијата на државата каде е роден неговиот татко.

Наводно двете страни решиле во најбрз можен рок да биде покренат процес на натурализација и Лука да може да игра во квалификациите за СП 2022 и Купот на Африканските нации.

Лука Зидан е роден во Марсеј, а беше дел од француската репрезентација до 17 години која стана европски шампион во 2015. Инаку е под договор со Реал Мадрид, а како позајмен игра во Сантандер.

Неговиот татко Зинедин Зидан беше светски шампион со Франција. Зинедин Зидан има уште еден син, Енцо кој исто така беше во Реал, но сега е член на Алмерија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата