Вооружени припадници на белоруските безбедносни сили и тенкови се распоредени пред Палатата на независноста во Минск, каде во моментот се наоѓа и претседателот Александар Лукашенко кој се движи со автоматска пушка во рацете. Меѓу неговото обезбедување е и неговиот син, вооружен со автомтско оружје и во целосна полициска унифирма

Според дел од белоруските медиуми, хеликоптер слета на територијата на Палатата. Се претпоставува дека со хеликоптерот ќе биде евакуиран Лукашенко. Ангажирани се и снајперисти.

Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.

Во меѓувреме формиран е „Синџир на слободата“ долг 30 километри од главниот град на Литванија, Вилнус до границата со Белорусија. На демонстрантите им се придружи и поранешната литванска претседателка Далија Грибускајте.