Белорускиот претседател Александар Лукашенко го одобри составот на новата влада, а за премиер го именува Роман Головченко, и покрај протестите во земјата.

Но, неговата кандидатура треба да биде потврдена во долниот дом на парламентот.

Своите места во владата ги сочуваа министерот за надворешни работи Владимир Макеј, министерот за внатрешни работи Јуриј Карајев, министерот за здравство Владимир Карањик и министер за информации Игор Луцки.

Именување на составот на владата по претседателските избори е предвидено со Уставот на Белорусија.

Претседателот Лукашенко потпиша указ на почетокот на јуни со кој се распушти владата на земјата. На местото премиер, претседателот го постави Роман Головченко, кој дотогаш бил на чело на Државниот воено-индустрирски комитет.

извор: Makfax