Белорусија почнува да се соочува со терористички закани, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Како поинаку да се третира фактот дека тие веќе почнаа да ја блокираат автоматизацијата во железницата и да ги заклучуваат шините? Тоа може да доведе до сериозни железнички несреќи, катастрофи и смрт на многу луѓе”, рече тој на состанокот по повод Белорускиот народен конгре, пренесува ТАСС.

Тој рече дека тоа го прават организирани криминални групи и повтори дека државата мора да биде претпазлива кога поминува низ стресен период и кога луѓето протестираат на улиците.

„И претходно предупредував на претпазливост, иако не ја преминаа црвената линија. Последните неколку дена покажуваат дека ја преминале на повеќе начини“, заклучи Лукашенко.

извор: Makfax