„Не ми е гајле што Соња мисли дека не сум ја преболел, ме интересира само ќерка ми Викторија која ја имам со неа. Не ме карајте со жената со која имам дете! Има фикции во својата глава и немам ништо убаво да кажам за неа, но нема да кажам ни лошо зашто таа е мајка на мое дете, а мене само тоа и ме интересира“, рекол Аца Лукас за српските медиуми и додал дека од Соња нема да се разведе спогодбено затоа што му барала лудачка алиментација и заради тоа ја тужел. 

„Не сакаше спогодбено да се разделиме. Нормално е дека треба да плаќам алиментација, но дали на дете од 8 години му требаат 5000 евра месечно?! Не сакам да издржувам никого освен моето дете“; додал Лукас и уште проговорил и за кавгата со Брена, која од една страна го плукала, а од друга ја покривала Соња додека се гледала со Марко Јариќ.  

„Брена знаела за нив, но не се лутам заради тоа. Па не ми беше мене жена Брена, туку Соња. Не ја сметам Брена за виновник за распадот на мојот брак, туку што ме викаше на слави, а ме нарекуваше клошар, гомно, коцкар…“, додал Лукас.