x

Лукас Братен е победник на првата велеслаломска трка во Зелден

lukas

Лукас Братен е победник на првата велеслаломска трка во Светскиот куп која секоја година се вози во Зелден (Австрија).

Норвешката сензација до триумфот стигна со време од од 2:14.41 минута, 20-годишниот Братен беше за пет стотинки побрз од Марко Одермат од Швајцарија. Третото место му припадна на Џино Кавицел, уште еден Швајцарец.

„Знаев дека моја психолошка страна е посилна, исто како и мојата техника. Чувствата се неверојатни. Бев сигурен дека сум способен да стигна до подиумот“, изјави Норвежанецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата