x

Лукаку: Почувствував дека не припаѓам во Манчестер Ј.

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, отворено зборуваше за неговото заминување од Манчестер Јунајтед во летото 2019 година.

„Мислам дека ми требаше нешто за повторно да почнам да играм. Минатата година беше тешка за мене од професионална страна, затоа што не одеше онака како што сакав. Затоа морав да го пронајдам она што ми недостасува. Дојдов до заклучок дека е време да се смени нешто околу мене, а прво требаше да ја сменам средината. Донесов одлука во март, отидов во канцеларијата на тренерот и му реков дека треба да заминам. Тогаш практично не играв и не настапував на соодветно ниво. Мислам дека и клубот и јас не бевме корисни заедно. Манчестер Јунајтед се реши за младите играчи, така што мислам дека тоа беше победничка ситуација и за дветре страни“, вели Белгиецот, кој годинава блеска во дресот на Интер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата