x

Лукаку „кризира“: Заклучен сум, речиси полудев…

Пандемијата коронавирус секојдневно зема животи, сите се надеваат дека ситуацијата ќе биде подобра. Италија во моментов е најзагрозената земја, бројката на починати лица од овој вирус ја надминаа онаа од Кина.

Граѓаните се во карантин, но дел од нив веќе кризираат. Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку призна дека му е тешко.

„Заклучен сум, не можам да излезам надвор, ниту да одам да купам нешто, речиси полудев. Ми недостига дружењето со семејството. Мојата мајка, брати ми…размислував за нив, посебно тешко ми паѓа за мајка ми, боледува од дијабетис. Не можам да отидам кај неа и да ја гушнам“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата