x

Лукаку испиша историја во ЛЕ, сега е на чекор до рекордот на вистинскот Роналдо

lukaku-rekord

Ромелу Лукаку ја игра сезона на кариерата. Синоќа против Шахјтор, напаѓачот на Интер постигна два гола од тие пет, и ја испиша историјата во Лигата на Европа. Тој е првиот фудбалер кој постигнал барем по еден гол на 10 натпревари во серија.

На тие 10 натпревари, Лукаку вкупно постигнал 18 голови, што е навистина импресивно. Белгискиот репрезентативец оваа сезона во дресот на Интер одигра 50 мечеви, а на нив постигна дури 33 голови.

Со тоа тој е блиску да урне уште еден рекорд, кога се однесува за Интер, оној на вистинскиот Роналдо од сезоната 1997/1998 кога Бразилецот во својата дебитантска сезона за “неро-аѕурите“ постигна 34 голови. Значи на Лукаку во финалето со Севиља му е потребен само еден гол за да го достигне Луис Назарио да Лима.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата