x

Луис Суарез по Барса се враќа во матичниот клуб

Ѕвездата на Барселона Луис Суарез може да направи сензационално враќање во Уругвај и тоа во својот поранешен клуб Национал кој се интересира за него. Клубот во кој Уругваецот ја почна кариерата настојува да го врати Суарез во своите редови откако ќе му истече договорот со Барселона.

„Зборував со Суарез на оваа тема и тој ми рече дека ако станам тренер на екипата би се вратил назад“, изјави некогашниот соиграч на Суарез, Себастијан Абреу.

Абреу и Суарез играа заедно во сезоната 2005/06 за Национал и ја освоија шампионската титула во Уругвај.

Инаку договорот на Суарез со Барса истекува идното лето и се уште не е јасно дали каталонците ќе го задржат 34-годишниот фудбалер кој оваа сезона игра солидно и запиша 11 голови во 17 натпревари. Серијата на уругвајскиот напаѓач беше прекината од повреда на коленото.

Суарез дебитираше за првиот тим на Национал во 2005 година и одигра само една сезона по што се пресели во Европа, прво во Гронинген, па потоа во Ајакс, Ливерпул,  Барселона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата