x

Луд меч на „Хоторнс“: ВБА и Челзи погодија по трипати во едно полувреме, на крајот ремизираа (ВИДЕО)

wba-chelsea

ВБА водеше со 3:0 по првото, Челзи се врати со три гола во второто полувреме во исклучително ефикасниот и возбудлив вечерен дуел од новото коло во Премиер лигата кој на крајот заврши нерешено, 3:3.

Фудбалерите на Славен Билиќ одиграа извонредно прво полувреме во кое тотално го надиграа противникот и со три гола ги ставија под силен притисок пред решавачките 45 минути од мечот.

Со голот бр. 1 на Калум Робинсон во 4. минута ВБА поведе со 1:0, по што следуваше една страшна грешка на новајлијата во редовите на „сините“, искусниот Тијаго Силва, по што Робинсон со втор гол ги донесе домашните и до предност од 2:0 во 25. минута.

Во следните две минути домашните повторно ја надмудрија гостинската одбрана, па сега Бартли погоди за 3:0, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Челзи тргна решено да се врати во игра. На првиот гол се чекаше само 9 минути. Мејсон Маунт погоди од далечина за 3:1, додека во 70. минута и Калум Хадсон-Одои се запиша за гостите за да намали на 3:2.

Упорноста и жебата да не загубат, гостите ја потврдија со гол во судиското продолжение. Во 93. минута Тами Абрахам успеа да го матира домашниот голман и да ги постави конечните 3:3 на оваа голеада во Бирмингем.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата