x

Лудо на „Брамал лејн“: Шефилд имаше 2:0, Манчестер сврте на 3:2, па домашните земаа бод (видео)

Манчестер Јунајтед се разбуди во второто полувреме и се спаси од срам во градот на челикот. Одигра 3:3, а во еден момент имаше негатива од два гола, па потоа и водство од 3:2 и на крајот ги испуштија бодовите. „Црвените ѓаволи“ се наоѓаа пред нов срам затоа што губеа со 2:0 од Шефилд Јунајтед на „Брамал лејн“. Прво Флек ја начна мрежата на Де Геа после катастрофалната грешка на Фил Џонс, а на почетокот на второто полувреме Мусет зголеми на два гола разлика.

И се беше бајковито за домашната екипа се до 72 минута. Потоа почна да им се темни. Во период од само седум минути Вилијамс, Гринвуд и Рашфорд го свртеа резултатот во корист на четата на Солскјер. И кога се чинеше дека бодовите ќе заминат во Манчестер Мек Берни во 91 минута погоди за конешни 3:3.

Шефилд пропушти да врзе три победи по ред на домашен терен во Премиер лигата (такво нешто немаат од 1993 година).

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата