x

Лудост на Видал: Покоси еден, а удри со глава друг играч, на излегување викаше „ФОРЦА ЈУВЕ“

Во самиот финиш на мечот помеѓу Наполи и Барселона гостинскиот играч Артуро Видал имаше едноминутно лудило поради кое си доби црвен картон и го напушти теренот. Чилеанецот го покоси Фабио Руиз. Двајцата имаа и вербален дуел по кој Видал му удри на противникот глава. Судијата му покажа жолт на Руиз, а два жолти картони по ред на Видал и го исклучи.

Чилеанецот на излегување доби свирежи од трибините на „Сан Паоло“, а на излегување викаше „Форца Јуве“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата