x

Луди 24 часа за Фламенго: Го славеа трофејот во Копа Либертадорес, па дознаа дека станаа шампиони на Бразил!

После освојувањето на блескавиот трофеј во Копа Либертадорес за најдобар тим во Јужна Америка, тимот на Фламенго денеска славеше низ улиците на Рио де Жаниеро. И додека траеше славјето, тие дознаа дека станаа прваци и на Бразил. Неверојатно!

Фламенго има уште една причина за славење, затоа што поразот за Палмеирас од Гремио од 1:2 во 34. коло од шампионатот, значи дека Фламенго на четири меча до крајот на првенството има 13 бодови предност пред Палмеирас и Сантос.

Ова е прва титула на Фламенго после 2009 година. Така покрај трофејот во Копа Либертадорес, може да слават и шампионски пехар во домашното првенство.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата