x

Луди квалификации на Ле Ман, Квартараро ја доби пол-позицијата

quartararo

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата пред деветтата трка од годинашниот шампионат во Мото ГП, трката за Големата награда на Франција.

Младиот Французин беше близу до рекордот во Ле Ман, а најдоброто стартно место го обезбеди со круг од 1:31.315 минути.

На крајот, Квартараро имаше нешто повеќе од две десетинки предност пред Џек Милер во Прамак Дукати. Заедно со нив двајца, во првата стартна линија ќе биде возачот на Дукати, Данило Петруци, кој заостануваше три и пол десетинки од Французинот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата