Палма е закон. Екс градоначалникот и сегашен претседател на градското Собрание, како и пратеник во републичкото Собрание го сакаат жителите на Јагодина и околината. Тој од пропаднато место во Поморавска Србија се обидува да направи индустриски центар, спортски центар, и им овозможи на жителите на општината да добиваат низа поволности благодарение на неговите политички и пријателски врски низ Европа.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=cRsaP3a0J8A autoplay:0]

Пред да се осуди оваа постапка, да видиме зошто тој е толку уникатен што го следат и во вода.

Секоја година ги носи најдобрите ученици на викенд во Виена, организира венчавки за неженетите и немажените и со парични стимулации се труди да го зголеми наталитетот во општината. Невработените трудници добиваат по 12.000 денари месечно од општината без никакви обврски за враќање, болните од канцер добиваат исто толку месечно, а секоја невработена девојка која ќе се омажи – како награда за свадбата добива вработување. Секое новородено дете на невработени родители добива по 200 евра месечно од општината секој месец, а секое новороденче добива еднократно 1.200 евра кога ќе се роди. Млади брачни парови добиваат по 3.000 евра награда ако еден од нив е постар од 38 години во времето на склучување на брак. Да ги поттикне да осниваат семејства, организира вечери во Јагодина и цела недела бесплатен одмор во Грција. Учениците имаат бесплатен превоз до училиштата. Учениците од 4 и 8 одееление имаат бесплатно летување во Црна Гора. Матурантите во Грција.

Направи аквапарк, прави и скијачки стази.

Од плаќање данок се ослободени сите кои се занимаваат со земјоделие, а тоа се 6.358 земјоделски домаќинства.

Јагодина ја збратими со Коринт и Крисопули и уште неколку селца во Грција и им овозможи на оние кои сакаат да летуваат, тоа да го сторат по неверојатно ниски цени.

Не е ни чудо што играат во него во вода.

 

Па побогу, на кој друг градоначалник ќе му текне вакво нешто. Или за Бетовен на пример.

Палма, браво друже.