x

Лоши вести од Ц. Гора: Никола Пековиќ се бори за живот

pekovic

Прославениот кошаркар на Партизан и некогашен член на НБА тимот Минесота Тимбервулвс, Никола Пековиќ, се бори за живот во Црна Гора. Тој се заразил со коронавирусот и неговата состојба е влошена.

Според информациите кои доаѓаат од Подгорица и двата бели дроба на поранешниот центар се сериозно воспалени. Пековиќ бил примен во болница пред 15 дена кога било откриено дека боледува од Ковид-19. Неговата состојба е влошена и тој е на апарати за дишење. Пековиќ од јануари е тим-менаџер во српската кошаркарска репрезентација.

Во Црна Гора, како и во повеќето земји, во последните неколку недели се забележува раст на бројката на новозаразени со Ковид-19.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата