x

Лотито: Кој го сака Сергеј нека плати 120 милиони евра

Како што утринава пренесуваат медиумите во Италија, првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, ја одредил цената за Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Секако дека истата е астрономска, но Лотито смета дека ќе може ова лето да заработи богатство со продажбата на Србинот.

„Кој сака да го купи Сергеј ќе мора уплати во касата на Лацио најмалку 120 милиони евра. Во случај ние да бидеме шампиони, таа цена ќе биде уште повисока“ рекол Лотито.

Инаку за ѕвездата на „лацијалите“, свој интерес пројавуваат, пред се, ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата