Концертите за групата “Lord Of The Dance” кои требаше да се одржат на втори и трети април во Универзална Сала се одложуваат, односно презакажуваат за 13, 14 и 15 септември, се вели во најновата информација која доаѓа од страна на организаторот “Литиум рекордс”. Во прилог на своето извинување кон публиката која веќе набави билети, “литиумци” го праќаат атачментот со писмото во кое се објаснуваат причините за нивното одложување на концертите во Македонија, Србија, Словенија. Покрај извинувањето, нивниот менаџер објаснува дека се работи за “политички причини”, поврзани со земјите од закажаната турнеја.
Билетите за концертот од втори април остануваат исти и ќе важат за 13 септември, а оние од трети април за 14 септември.
В понеделник, 14 март, во продажба ќе бидат пуштени и билети за третиот концерт на “Lord Of The Dance” кој дополнително е прифатен од страна на “Lord Of The Dance” .
Во понатамошниот допис до медиумите “Литиум” нагласуваат: “За да ве увериме во сериозноста и професионалноста на нашата куќа “Литиум рекордс”, сакаме да Ве известиме дека секој што од разни причини е спречен да ги гледа “Лорд Оф Тхе Данце” во септември ќе може да си ги подигне своите пари од продавницата на Југотон во ГТЦ.
Најдоцна до 21 март на официјалниот веб- сајт на њњњ.лордофтхеданце.цом ќе бидат и официјално поставени датумите кои ви ги најавивме за Скопје, со почит и најголемо извинување до сите, понатаму велат “литиумци”.
За крај уште еднаш да споменеме дека “Лордот” Мајкл Флетли не настапува повеќе години, туку неговите кореографии ги изведуваат танчарите од неговата група.