Триесет килограми злато во шипки, зрна и прав, над 2.600 златници, предмети од злато, брилијанти, дијаманти и бисери, вклучувајќи ја круната на кралицата Марија, златен медаљон со нејзиниот лик и ликот на кралот Александар, како и приврзок со фотографија на царското семејство Романови, нумизматичка колекција, сервиси за ручање од сребро и злато, ордени со Караѓорѓева ѕвезда…

Сето тоа се уште чека во вреќи во трезорот на Народната банка, на белградската улица „Славија”, да се завршат судските постапки кои би докажале дека нивните сопственици се членови на династијата Караѓорѓевиќ. За да биде постапката завршена, наследниците на кралското семејство, наспроти повремените несогласувања, мора да седнат, да се договорат и заеднички да настапат пред судот, за да се идентификува што точно кому му припаѓа. За тоа е потребна помош од релевантна странска аукциска куќа, како „Сотби‟.

Ако не го направат тоа, најверојатно работите и натаму ќе останат запечатени во државниот сеф. Затоа во тек се проговори.

Бидејќи Првиот основен суд пред извесно време го одби барањето на адвокатот наследник на кралската лоза, овој имот да се изземе од оставинската маса на Јосип Броз Тито, како што го одби и барањето на маршаловите наследници било што да им врати, се поставува прашањето што ќе биде со овие скапоцени предмети.

Нив ги откри и ги потпиша комисија која пред три години ја основаше претседателот Томислав Николиќ. Многу од предметите од прочуеното „Депо 555‟ познато како „сеф на Тито‟ имаат жиг кои укажуваат дека му припаѓале на кралското семејство: на кралот Александар и кралицата Марија, но и на принцот Павле и принцезата Олга. Впрочем, тоа го потврдува и извештајот на судскиот вештак Рајко Дупало.

„Депото 555‟ е основано по смртта на Тито од предметите кои биле најдени кај него. Ги попишала Комисија и врз основ на одлуката на претседателството на СФРЈ од 30 март 1982 година биле предадени чување во Трезорот на НБС со назнака „државна тајна‟.

Оваа назнака во февруари 2013 година ја симнал Николиќ, на предлог на Комисијата која ја предводел Оливер Антиќ. Комисијата тогаш децидно навела дека движниот имот од овој сеф не спаѓаат во наследството на Тито и го поддржа наодот на вештаците дека тоа е сопственост на Караѓорѓевиќи.

Овие предмети семејството Караѓорѓевиќ ги побарува не само во постапката за денационализација, туку и во оставинските постапки по смртта на кралицата Марија, принцот Павле и принцезата Олга, покреднати пред две години. Оставинската постапка по смртта на кралот Александар е завршена уште во 1938 година и со неа биле поделени кралските недвижноста, а наследници биле тројцата негови синови.

– За да може имотот да им се врати на наследниците и да се подели, прво треба да се индивидуализира што припаѓало на кралската, а што на принцеската брачна двојка, вели Зоран Живановиќ, застапник на престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ.

Ова е многу тешко поради изминатото време и губење на документацијата, а посебно со оглед на тоа дека никој од самата династија не може да ги препознае предметите. Принцезата Елисавета и нејзниот брат Александар, бидејќи тогаш биле деца, а останатите наследници, кралот Петар и принцовите Томислав и Андреј бидејќи се родени подоцна, во странство.

– Единствен начин да успеат да го врати своето наследство, семејството Караѓорѓевиќ има ако склучи договор и ако меѓусебно се договорат, смета Живановиќ.

Со него се согласува и Душанка Суботиќ Хомен, која ја застапува принцезата Елисавета и наследниците принцовите Томислав и Андреј.

– Наследниците треба да излезат со заеднички предлог пред судот да се доведат експерти од аукциската куќа „Сотби‟ или некоја друга голема куќа. Тие можат точно да лоцираат по жиговите на накитот и другите скапоцени предмети, кој тоа го произвел, кога е продадено и чие е. Сите големи куќи и залатраници имаат архиви со децении наназад, вели таа,

Според Суботиќ Хомен, судејќи според прописите на комисијата, златните шипки имаат знак со буквата А, што значи дека веројатно му припаѓале на кралот, кој инаку имал повеќе рудници кај Неготин. Некои парчиња накит имаат ознака М, од што може да се заклучи дека и припаѓале на кралицата. Сето она што е купено по 1934 година, т.е. по убиството на кралот во Марсеј, најверојатно им припаѓало на принцот Павел и принцезата Олга, бидејќи тие живееле во Белиот двор, кралицата тогаш се наоѓала во Англија.

Кога експертите ќе утврдат што кому му припаѓа, наследниците ќе можат да побаруваат конкретни работи во оставинската постапка.

Адвокатката Душанка Суботиќ Хомен нашла некои сметки од кои се гледа дека принцот Павле купувал накит за сопругата. Се претпоставува и дека вредната нумизматичка збирка може да биде исто така негова. 

Вечерње новости – Белград