Британската влада го премести Лондон на степен на висок ризик од Ковид-19 и воведува построги социјални ограничувања во градот, најави министерот за здравство, Мет Хенкок.

Главниот град ќе биде преместен од „степен 1“ или „среден ризик“ на „степен 2“ според новиот тристепен систем на предупредување на владата, пренесува „Ројтерс“.

„Заедно се согласивме дека Лондон треба да премине на локално ниво на висока подготвеност“, рече Хенкок.

извор: Makfax