Пред неколку вечери атмосферата во лондонскиот ноќен клуб “Ерос”, во Енфилд, била луда и екстравагантна. На евровизиската претставничка Џавин, на гости и бил претставникот од Кипар, Константинос. Влезот бил слободен и шоуто почнало со гостинот и неговата евровизиска тема “Ела, ела”. Пеела и една надежна 16-годишна пејачка Моника Мајкл, потоа Лиса Андреас, минатогодишната кипарска претставничка, која се пласира на петтото место. Очевидци велат дека Џавин посебно уживала кога на сцена ја испеала евровизиската “Тоуцх мѕ фире” и преку гестикулација му се обраќала на Константинос. Лондон е најчесто посетуван од страна на евровизиските пејачи. И албанската претставничка Ледина Чело, по Грција, Италија, Германија, Швајцарија и Америка, деновиве ќе патува за Лондон. -Ме фаќа посебна носталгија за Лондон, објаснува Ледина. Од моментот кога сум на Хитроу аеродромот, не можам да издржам додека го видам градот. Таа почесто престојува во овој град, а и нејзиното момче, кое по потелко е од Тирана, живее во Лондон.