Од седми јуни во продавниците ќе може да се набави новиот албум на Светлана Цеца Ражњатовиќ, под наслов “Лондон микс”, што беше повод за завчера одржаната конференција за новинари во клубот “Колинг” во Белград и заедничкото преслушување на материјалот. -Мислам дека овој албум носи светски звук и е многу поразличен од претходниот. Еднаш требаше да направам и ваков пресврт и мислам дека албумот ќе и се допадне и на странската публика, изјави српската ѕвезда Цеца, која како да не беше многу насмеана во контактите со новинарите. За светскиот звук на албумот е задолжен Зоран Врачевиќ-Врач, продуцент на албумот е Александар Милиќ, текстописец Марина Туцаковиќ, кои на пресот одговораа на многу прашања врзани за нивниот дел од работата. Во Белград се планира концерт на 25 јуни, а влезниците ќе изнесуваат по 100 динари. Целиот приход од концертите ќе биде наменет на семејствата кои доживееја трагедија во Банат.
Текст и фото: (Ва.Ѓ.)