Во Романија утрово започнаа локалните избори, на кои над 18 милиони граѓани ќе можат да гласаат за градоначалници и претседатели на окружните совети.

Тие исто така ќе можат да гласаат за членови на локалните и окружните совети.

Граѓаните ќе гласаат на 18.794 избирачки места, кои ќе бидат затворени во 21 часот, пренесува „Аџерпрес“.

Почитувањето на здравствените протоколи ќе биде задолжително на избирачките места, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

извор: Makfax