Пожарот кој беше активен предходните денови во општина Битола на потегот помеѓу селата Лисолај и Древеник предмалку е локализиран.

За негово локализирање ангажирани беа 106 лица и два хелихоптери на Армијата на Република Македонија.

Временските услови се одлични и не се очекува повторно активирање на пожарот.

Дежурни лица и хелихоптерите на АРМ остануваат на местото на пожарот за следење на состојбата.

Дирекцијата за заштита и спасување останува да ја следи состојбата.

На територија на Република Македонија до 13:00 часот нема активни пожари.