На лицата со психијатриски дијагнози на тешки психози и шизофренија, како и на зависниците од опојни дроги им ја укинаа социјалната помош. Ваквиот скандалозен рез е направен во мај и јуни и досега неколку стотици лица со шизофренија, други теш- ки псијхијатриски дијагнози, како и зависници, пред с&”238;, од Скопје, се најдоа во уште потешка состојба од и онака исклучително назавидниот социјален статус. Паричната помош што се движи од 1.500 до 2.900 денари им секна како на оние што се на болничко лекување, така и оние што се под терапија во домашни услови. Лекарите алармираат дека не е мал број на лицата кои поради тоа се принудени да ја прекинат терапијата. Тие веќе реагирале кај надлежните во Министерството за труд и социјална политка со укажување на ризикот што го носи ваквиот потег и нелогичноста на преземените мерки. Таму, пак, велат дека социјалната помош на овие категории им е укината при ревизијата на предмети и тоа поради законските одредби. ”Од здравствен аспект тие исполнуваат еден од критериумите за социјална помош, но од друга страна со Законот за социјална заш- тита таа се одобрува само ако месечните примања по член во семејството им се до 20 отсто од просечната плата (во моментов околу 2.000 денари)”, објаснува државниот секреатар Ацо Јаневски. Според него, оние кои сметаат дека неправедно се симнати од списоците за ваква помош имаат право на жалба. ”Досега позитивно е одговорено на педесетина жалби и на сите нив повторно им е визирано правото на помош”, објаснува Јаневски. На ваквите објаснувања реплицираат медицинарите. ”Со таа нивна ревизија помош та им е укината и на оние што немаат ниту за сол. Требало да ја обноват постапката. Таа трае со месеци, а во меѓувреме тие ништо не добиваат. Сепак, станува збор за специфична категорија на лица кај кои не може некој бирократски да ”сече” за потоа луѓето да мора да лутаат низ правниот лавиринт” , укажуваат лекарите и социјалните служби во здравствените организации. Социјалните работници се свесни за специфичностите. ”Со 6.000 денари месечно не може да преживее ниту тричлено семјство во кое сите, ако така може да се рече, се здрави и прави, а не оние што имаат некој член со психијатриска дијгноза или, пак, зависник. Проблемите ние ги имаме забеле- жано, секојдневно се судруваме со нивните маки. Факт е дека ваква социјална помош примаа и поединци од семејства со над 30.000 денари месечен приход, но непобитно е дека еден огромен дел од нив се вистинска социјала.”, објаснува Социјален работник од Скопје, кој вели дека од него се барало да постапува во согласност со одредбите во Законот за социјална заштита. Компетентни извори, сепак, тврдат дека целиот курцшлус во голем дел е последица на ригидноста на актуелното раководство на Меѓуоп- штинскиот центар за социјални работи и неговото бирократско ”читање” на регулативата.