Цената на горивата во Србија и понатаму паѓаат. Само во последната недела бензинот и дизел горивата на поедини пумпи поевтиниле по 4 динари, со што литар дизел сега чини 136 динари, а бензинот 126 динари.

Тоа е најниска цена на нафтени деривати во Србија од 2015 година. Од февруари до денес намалувањето достигнало повеќе од 30 денираи по литар, а главната причина за поефтинувањето е движење на цената на нафтата на светскиот пазар, значаен пад на пазарот за гориво и огромни залихи кои во изминатите недели во еден момент довело до пад на цената по барел под нула.

Познавачите оценуваат дека нови цени се очекуваат во тек на мај, но и во јуни, ако и понатаму цената на барелот остане под нула. 

Во компанијата НИС велат дека малопродажната цена на бензините (без пдв, акцизи и накнади) е намалена во однос на минатиот месец е за 22,1, адизелот за 20 отсто.

Во Хрватска и Црна Гора цената на нафтените деривати е уште пониска. И во Хрватска и Црна Гора продолжуваат да паѓаат, со што во Хрватска сите горива највероватно ќе се задржат на ниво од 120 динари, пишуваат тамошните медиуми.

Максималните малопродажни цени на горива ја ускладуваат секој втор понеделник во зависност од цената на нафтените деривати на меѓународниот пазар и валутниот однос на еврото и американскиот долар.