Листи на чекање само кај некои дијагнози
Со постоечката законска регулатива и осигурителниот пакет, воведувањето на листи на чекање во болниците е неприменливо затоа што нема да се добијат позначајни ефекти. Ова го тврди првиот фондовец Никола Пановски, кој смета дека контра ваквата најава од министерот за здравство Владо Димов (во зацртаните промени) е неприменлива и поради менталитетот на нашиот човек. “Кога ќе чујат дека има листи на чекање, нашите луѓе ќе побрзаат навреме да си стават стентови, иако немаат потреба од такво нешто. За да го фатат редот”, појасни Пановски, прецизирајќи дека листи на чекање се можни само кај одредени состојби. “Такви листи навистина има во голем број држави, но за тоа повеќе како хирург може да зборува министерот Димов”, рече тој, одговарајќи на новинарско прашање.