x

Лион го уништи Пеп Гвардиола – човекот кој потроши милијарди за ништо!

pep-analiza

Сега судиите биле виновни, па утката на векот на Стерлинг, па ова, па она. Но никогаш не е виновен тој-Пеп Гвардиола. Човекот за кого веројатно половина фудбалски свет смета дека е најдобриот тренер во светот, па и во историјата – како да не. Ни првото, ни второто.

Пеп Гвардиола, шпанскиот стратег вчера беше уништен тактички од Лион, од својот колега Руди Гарсија. По мечот се виде колку беше скршен емотивно. Уште еден неуспех, уште еден голем неуспех за тренерот кој веќе цела деценија има неограничен буџет за трансфери, но не може да дојде до „ушлето“ во ЛШ. Тука ги сметаме и оние три сезони минати во Баерн Минхен.

Да, точно е дека Пеп во 2009 и во 2011 ја освои ЛШ со Барса. Но тогаш со која Барса, со Меси во зенитот и со Чави и Иниеста. Велат дека тој е “таткото“ на модерната Барселона. И уште еднаш како да не. Пеп само ги наследи плодовите на работата на Франк Рајкард во каталонскиот гигант. Видете, не може тренер од класата на Пеп да сонува цела деценија, а со Сити четири сезони, за пехарот. Тој мора да го освои, посебно ако има многу, МНОГУ пари за трошење. Се виде уште во Баерн дека нешто не му “лежи“ ЛШ. Бадијала беа пехарите во Бундеслигата, кога  Бекенбауер, Хенес и Румениге се свестија, ја донеа таа правилна одлука – да му ја покажат излезната врата на извиканиот Пеп.

По ова синоќа со Лион и дефинитивно едно е јасно. Бадијала се сите милијарди, понекогаш може да се вадиш на среќата, но не секогаш. На крајот кога ќе се подвлече црта резултатот е тој. Пеп нема пехар во ЛШ со Баерн во три сезони и со Сити во четири сезони.

Пеп во 2016 година летото беше донесен да го освои “ушлето“, на шеиците им се здосадија пехарите во Премиерлигата. Претходно и Манчини и Пелегрини беа добри за до толку.

“Најдобриот“ требаше до сега барем еднаш да донесе радост на „Етихад“, а тој тоа не го стори. Речиси милијарда за трансфери потроши Пеп во својот четиригодишен мандат, а нели наследи и супер тим, но бадијала, “списка“ толку пари за ништо.

Трагичното е во тоа што синоќа после поразот и елиминацијата во четвртфиналето од Лион, рече дека сега е време за одмор, а се надева дека кога тогаш ќе дојде денот кога Сити со него ќе го освои пехарот, или ќе го мине четвртфиналето..

Сепак дали ќе има нова, петта шанса. Можеби е време шеиците од „Етихад“ да го сторат тоа што сторија “баварците“ пред 5 години, кога му кажаа на Пеп – толку беше нашата дружба.

Најдобрите се мерат со пехари во ЛШ, а не со победи и рекорди со некојси Брајтони, Вигани, Вотфорди. Со тие пари и просечни англиски тренери ќе ги освојат трофеите во Премиершип или ФА Купот.

Пеп како тренер на Сити во ЛШ беше елиминиран од Монако, Ливерпул, Тотенхем и Лион.

Овој податок за тие што го разбираат фудбалот кажува многу, но не и за оние кои се “вљубени“ во фудбалската “магија“ на Пеп.

А за каква магија тука зборуваме?

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата