Српскиот кошаркар во редовите на италијанскиот тим Сиена Монтепаски и бразилската манекенка Адрија Лима уште еднаш покажаа дека не можат долго да бидат разделени. Моделот на најпознатиот бренд на долна облека, Викторија Сикрет”, допатува во Италија со цел да размени малку нежност со својот сопруг. Во тоа се уверија неуморните италијански папараци. Тие ги уловија гулапчињата на романтична вечера во познатиот ресторан “Ле петит”, а судејќи по фотографиите двојката е во добро расположение. Марко и Адријана излегле навечер, но и покрај тоа кошаркарот не се потрудил да се стокми за оваа прилика, па во раскопчана кошула, џинс и патики привлекувал поголемо внимание од познатата манекенка, која одлучи за оваа прошетката да изгледа поелегантно.
Убавицата неодамна во едно интервју се пожали дека мака мачи да го симне вишокот килограми, но се чини дека во тоа воопшто не и пречи италијанската кујна. Од последната посета на Италија се забележува и дека двојката добро функционира и покрај тоа што гулапчињата се често разделени.