x

Лил купува играч на Партизан за 15 милиони евра!!!

Во текот на оваа недела, барем според пишувањето на српските медиуми кои ги преземаат информациите од owngoalnigeria.com, Умар Садик, офанзивецот на Партизан треба да потпише за Лил, и тоа за рекордна сума на пари. Трансферот би вредел некаде околу 15 милиони евра, што е фантастична сума и за белградските “црно – бели“. Имено се очекува Лил да го продаде Виктор Осимен во Наполи за 50 милиони, а потоа да искешира 15 во Белград за фудбалерот на Партизан.

Кога сме кај Лил, да кажеме дека еден од најдобрите француски клубови беше силно заинтересиран за бисерот на Работнички, Давид Тошевски. Се шпекулираше со сума од околу 500.000 евра, но младиот напаѓач на “романтичарите“ се договори со рускиот Ростов за двојно поголема сума.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата