x

Лилард се уште не знае дали ќе игра за САД на ЛОИ во Токио

lilard

Демиен Лилард се уште нема решено дали ќе игра на Олимписките игри следната година. Нема сомнение дека ќе има место за него во тимот на САД, имајќи предвид дека тој е еден од најдобрите стрелци и играчи во НБА лигата.

Покрај тоа, тој ќе биде еден од предводниците на американскиот тим, но сè уште не одлучил дали воопшто ќе оди на Олимпијада или не.

На почетокот на подготовките за новата сезона, Лилард во своето прво обраќање до медиумите рече дека нема да игра доколку Портланд се пласира во финалето.

„Не сум 100 проценти сигурен. Ќе видиме како изгледа сето тоа. Ќе биде околу мојот роденден (15 јули). Се надевам дека ќе се пласираме во финалето, ако дојдеме до финалето и победиме, нема да играм. Ако ја освоиме титулата, нема да играм Олимпијада, но ќе видиме“, рече Лилард.

Олимписките игри во Токио, кои се одложени за 2021 година, поради, започнуваат на 23 јули, една недела по финалето на НБА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата