x

Лизгачот Виктор Ан заминува во пензија

Еден од најдобрите, најуспешните и најтрофејните спортисти на сите времиња, неколкукратниот олимписки шампион во брзо лизгање, натурализираниот Русин, Виктор Ан изјави дека ја завршива неговата исклучително богата кариера.

Ан кој е инаку роден во Сеул, Јужна Кореја, и се до 2014 година беше член на нејзината репрезентација, а од тогаш наваму настапуваше за Русија, има освоено три златни и еден бронзен медал на Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година, а потоа во 2014 во Сочи во дресот на Русија додаде исто така уште три злата и бронза во својата колекција.

Во текот на својата кариера осви преку 35 медаљи, од кои дваесет се од светските првенства. Во моментов има 34. Години.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата