Шпанскиот социјалистички лидер Педро Санчез изјави дека има многу несогласувања со левичарската партија Унидас Подемос за формирање коалициска влада, но ќе им понуди алтернативна опција – да се усогласат околу политиката и да добијат позиции надвор од кабинетот.

Санчез рече дека нема да одговори на барањето на „Подемос“ за создавање коалициска влада, но дека социјалистите нема да владеат сами, пренесува „Ројтерс“.

Тој, исто така, понуди да се воспостави независен механизам за верификација дека ќе биде почитуван договорот со Подемос за тоа кои политики треба да се спроведат.

Санчез рече дека целта е сè уште да се постигне договор и нема објективна причина да се одржат повторни избори.

извор: Makfax