Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, се надева на втор самит со американскиот шеф на државата, Доналд Трамп. Ова го изјави јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, при враќањето во Сеул, по тродневната посета на Пјонгјанг.

„Ким Џонг-ун изрази надеж за втор самит со претседателот Доналд Трамп, што е можно поскоро“, рече Мун Џае-ин пред новинарите во Сеул.

Историскиот состанок меѓу двајцата лидери се одржа на 12 јуни годинава во Сингапур. За време на средбата, Ким вети целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

извор: Makfax