Најчесто поставувано прашање од почетокот на пандемијата на корона вирусот е кога животот ќе се врати во нормала и одговор нема никој. Ни најдобрите светски стручњаци. 

Но ова очигледно не важи за тапанарот на Металика, легендарниот Ларс Улрих кој рекол дека кога бендовите како Металика ќе почнат да настапуваат пред публика од околу 50 000 луѓе ќе знаеме дека сме се вратиле на нормала. 

– До тогаш се и понатаму ќе биде неизвесно, рекол Улрих. 

Тој рекол и дека на спортските настани некако може и да се одржи ред, но кога има неколку десетици илајди луѓе кои често се под дејство на алкохол јасно е дека не може да се почитуваат никакви епидемиолошки мерки. Улрих нагласил и дека постои можност во средината на следната година да се организираат некакви летни фестивали и концерти на отворено, но до целосно враќање на старо, веројатно, ќе треба да помине уште најмалку една година.