Контроверзната лидерка на Хонг Конг, Кери Лем, изјави дека таа предизвикала „непростлив хаос“ и дека би се повлекла доколку има избор, покажуваат протечените аудиоснимки.

Коментарите на Лем биле направени минатата недела пред група деловни луѓе.

На состанокот зад затворени врати, Лем ѝ рече на групата дека сега има „многу ограничен“ простор за решавање на кризата затоа што немирите станаа проблем за националната безбедност и суверенитетот на Кина во услови на растечки тензии со Соединетите Американски Држави.

„Ако имам избор“, рече таа, зборувајќи на англиски јазик, „првото нешто е да се повлечам, откако длабоко се извинив“.

Драматичните забелешки на Лем нудат најјасен поглед во размислувањето на кинеското раководство. Таа посочи дека Пекинг сè уште не постигнал пресврт, ниту дека не вовел никаков рок за прекин на кризата пред прославите на националниот ден закажани за 1 октомври. Лем додаде дека Кина „апсолутно нема план“ да распореди трупи на Народноослободителната армија на улиците во Хонг Конг.

извор: Makfax