x

Лига на Нации: „Фараните“ и со „реми“ се зацврстија на врвот, Гибралтар го шокираше Лихтенштајн

gibraltar1

Фарските Острови на домашен терен одиграа 1:1 со Летонија, и останаа на врвот на табелата во Лигата на Нации.

Мечот беше решен за само три минути. Во 25. минута Летонија дојде до водство со голот на Икауниекс, а три минути подоцна Фаеро израмни и тоа беше се што сторија и двете селекции на мечот во Торшавн.

Во Лихтенштајн се одигра вториот меч. Таму Гибралтар шокираше и победи со 0:1 и со тоа ја забележа втората победа од вториот меч во групата, завземајќи го врвот. Стрелец на голот беше Де Бар уште во 10. минута.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата