x

ЛИГА ЕВРОПА: Јазизи го „утепа“ Милан, а Јулис го расплаче Глазгов (видео)

lil-milan

Јуфус Јазизи е херојот на Лил вечерва на гостувањето на „Сан Сиро“ во рамките на 3. коло од Лигата на Европа. Турскиот играч за врска три пати ја тресеше мрежата на Милан во победата на Лил од 3:0.

За него тоа беше втор хет-трик оваа сезона во групите откако претходно и даде три гола и на Спарта Прага (4:1 во првото коло). Поранешниот играч на Трабзон го отвори резултот во 22 минута со гол од пенал, а од 55 до 58 минута уште два пати ја погоди мрежата на Донарума за убедлива победа.

Ниту Ибрахимовиќ, ниту Ребиќ, Тонали, Кјер, Ромањоли, а во вториот дел Рафаел Леао и Чаланоглу не можеа да го запрат потопот на Милан вечерва.

А Лукас Јулис реализираше три гола во победата на Спарта Прага на востувањето кај Селтик со 4:1. Чешкиот напаѓач три пати ја погоди мрежата на најтрофејниот шкотски клуб кој само ублажи со погодокот на Грифитс. Четвртиот гол на Спарта беше дело на Крејчи во последните секунди од натпреварот

Динамо Загреб го скрши отпорот на Волфзбергер во финишот на мечот. Погоди Ијаји Атимвен и тоа само една минута откако влезе на теренот. Победата од 1:0 го однесе Динамо на чело на табелата во групата К со пет бода. Македонскиот интернационалец Аријан Адеми го одигра целиот меч.

РЕЗУЛТАТИ
МИЛАН – ЛИЛ  0:3
АНТВЕРПЕН – ЛАСК         0:1
АРСЕНАЛ – МОЛДЕ        4:1
СЕЛТИК – СПАРТА ПРАГА             1:4
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ГЕНТ 2:1
ДИНАМО З. – ВОЛФЗБЕРГЕР      1:0
ФЕЕНОРД – ЦСКА МОСКВА         3:1
ХОФЕНХАЈМ – ЛИБЕРЕЦ              5:0
ЛЕСТЕР – БРАГА                4:0
ЈАНГ БОЈС – ЦСКА СОФИЈА         3:0
ЗОРЈА – АЕК       1:4
ВИЉАРЕАЛ – МАКАБИ Т.А. во тек

 

ТРИТЕ ГОЛА НА ЈУЛИС ВО ПОБЕДАТА НА СПАРТА НАД СЕЛТИК

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата