x

ЛИГА ЕВРОПА: Рекордерот Адеми му обезбеди на Динамо европска пролет (видео)

ademi

Капитенот на Динамо Загреб Аријан Адеми беше најзаслужниот за победата на хрватскиот шампион на гостувањето кај славниот Феенорд во 5. коло од групната фаза на Лига Европа. Динамо победи со 2:0, а за двата гола придонес даде македонскиот репрезентативец. По негова акција Динамо избори пенал кој го реализираше Бруно Петковиќ, а во второто полувреме Адеми му асистираше на Маер за вториот гол.

Адеми вечерва против Феенорд по 77. пат го носеше дресот на Динамо во Европа со што стана рекордер надминувајќи го Самир кој остана со 76 настапи.

Динамо продолжува во нокаут фазата затоа што на коло пред крајот има 11 бода, Волфсбергер кој ја победи ЦСКА има седум, Феенорд е трет со пет, а ЦСКА има три бода.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата