x

ЛИГА ЕВРОПА: Европска пролет и за Црвена Звезда, Милан, Антверпен, Лил…

zvezda

Милан имаше многу проблем со Селтик во 5. коло од Лига Европа затоа што по првите 15. минути губеше со 0:2. Несватливи грешки на дефанзивците резултираа со негатива од два гола.

Меѓутоа потоа магично се кренаа. Во период од две минути (24 до 26 минута) дадоа два гола и го изедначија резултатот. Чалханоглу и Кастиљехо стрелаа во мрежата на шкотскиот првак.

Во второто полувреме новото засилување Хауге постигна гол за пресврт, а во финишот на мечот Брахим Диаз ја запечати победата на „росонерите“ кои се веќе во следната рунда од Лига Европа затоа што имаат 10 бода четири повеќе од третопласираната Спарта која загуби вечерва од француски Лил со 2:1. Французите се на чело на табелата и исто така изборија пласман понатаму.

Звезда обезбеди европска пролет откако одигра реми без голови со Хофенхајм. Тоа беше доволно за српскиот првак да остане во Европа, а заедно со нив одат и Германците. Во „аут“ се Либерец и Гент.

Понатаму одат уште Антверпен, Тотенхем, Динамо Загреб, Виљареал, Лестер, Брага…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата