На почетокот од новата сезона, Ливерпул важеше за фаворит во борбата за шампионската титула, но после 16. одиграни натпревари, “црвените” важат за најголемо разочарување, за тим кој ги запишува најлошите резултати во клупската историја.

Како се да тргна по удолница за четата на Брендан Роџерс после историската грешка на Стивен Герард за време на првенствениот дуел против Челзи. Џерард се сопна самиот од себе, Демба Ба постигна погодок, а Ливерпул ја загуби шампионската титула.

Сол и на така големата рана стави и уругвајскиот интернационалец Луис Суарез кој за време на летниот преоден рок дресот на Ливерпул го замени со тој на Барселона.
Јасно е како ден дека Ливерпул не е истата екипа и без “Ел Пистолеро”, а најзвучната летна аквизиција, Марио Балотели не е ниту бледа копија на Суарез.

После 16. одиграни натпревари во Премиер лигата, Ливерпул има освоено само 21 бод, што е најмалку уште од сезоната 1964/65, а тогаш за победа се доделуваа два бода.

Ливерпул пред неколку дена ја заврши и авантурата во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, а ќе треба да се случи некое чудо, “црвените” и годинава да изборат пласман во елитното друштво.