x

Ливерпул ќе го крене шампионскиот пехар на „Коп“

Ливерпул, конечно, ќе го крене шампионскиот трофеј во Премиер Лигата на специјалната церемонија на „Коп“ во следното коло на мечот следната среда против Челзи.

Тимот на Јирген Клоп ја обезбеди својата прва титула по пауза од 30 години, но навивачите нема да бидат дел од „фештата“ на „Енфилд“. Поради пандемијата со коронавирусот, церемонијата на предавање на пехарот ќе мора да ја следат на ТВ.

Клупската легенда Сер Кени Далглиш ќе им ги додели медалите на капитенот Џордан Хендерсон и останатите членови на оваа шампионска генерација. Хендерсон и неговите соиграчи ќе го добијат трофејот на подиум опкружен со транспаренти направени од навивачите и изграден во средина на познатата трибина „Коп“.

„Бидејќи навивачите не можат да присуствуваат на натпреварот, историскиот момент ќе вклучува единствена презентација дизајнирана да ги вклучи и навивачите на Ливерпул“, велат од клубот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата