x

Ливерпул со гол од пенал освои бод од „Крејвен котиџ“ (видео)

salah

Шампионот на Англија Ливерпул загуби два драгоцени бода против Фулам во 12.коло на Премиер лигата. Иако важеше за голем фаворит, четата на Јирген Клоп се спаси од пораз затоа што изедначи во финишот на мечот од пенал.

Боби Рид во 25 минута го доведе Фулам во предност, а во 79 минута домашниот фудбалер Абубакар Камара играше со рака во казнениот простор и судијата покажа пенал. Мохамед Салах го погоди голот од белата точка за конечни 1:1.

Фулам ја прекина серијата од шест едноподруго порази во дуелите со Ливерпул.

А „црвените“ го оставија Тотенхем лидер на табелата. Иако имаат исто бодови со „Спарс“ сепак тимот на Жозе Мурињо има подобра гол-разлика.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата