x

Ливерпул скапо ја плати светската титула, со нов повреден играч

Ливерпул го освои Светското клупско првенство откако во финалето со 1:0 го победи бразилски Фламенго, а стана и англиски рекордер со 47. титули, но сета таа радост скапо ја плати, но нов повреден играч.

Во 75. минута од финалето Алекс Охладе-Шамберлаин се пожали на повреда на скочниот зглоб, а според изразите на лицето не се работеше за нешто несериозно. Сепак ќе се почекаат дополнителните прегледи за да се знае колку точно ќе паузира.

Шамберлаин по пауза од година дена по тешката повреда на коленото во полуфиналето од Лигата на шампионите се врати и заигра во одлична форма, а неговото отсуство ќе биде и тоа каков удар за Јирген Клоп, во период од сезоната кога распоредот е преоптоварен со натпревари.

На листата на повредени на Ливерпул од претходно се Ловрен, Фабињо, Вијналдум и Матип.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата